(ГАЛЕРИЈА)ГОРДАНА ВИНЧИЌ И ИГОР ЉУБОВЧЕВСКИ ЉУБАЦ УЧЕСНИЦИ НА „ГРАФИЧКО ТРИЕНАЛЕ“ ВО МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

На 26 ноември 2019 беше отворена изложбата ”Графичко Тринале” во Музеј на Град Скопје. Изложени се 120 графики создадени од четриесетина уметници од Македонија и регионот и може да се погледнат се до 10 деќември. Станува збор за триналето на Графичката работилница Софија Богданци, која се одржува по четврти пат во музејот. Делата се направени во различни графички стилови и техники а беа создадени на последните три главни сесии на графичката работилница која традиционално се одржува веќе 12 години.

На отварањето пред публиката се обрати Националниот координатор за развој на култура на нашата земја, Роберт Алаѓозовски. Тој порача дека работилницата во Богданци е успешен пример за соработка на добрите културни иницијативи со бизнис секторот и е модел кој треба да се следи, со цел, ”европеизација” на македонскиот културен систем.

„Голема чест ни беше да бидеме дел од оваа работилница и да учествуваме во креативната атмосфера на творештво. Како уметници со искуство би ја издвоиле работилницата во Софија како исклучиво професионална на овие простори. Освен тоа што се афирмира графиката како специфична гранка на уметноста сите учесници имат можност да ги продлабочат своите знаења и добијат нови сознанија. Менторите се високо образовани професори кои несебично го споделуваа своето долгогодишно искуство со сите нас. Во текот на работилницата мавме и прекрасна дружба со уметниците од академиите во Белград, Нови Сад, Ниш, Загреб и Софија“, изјавија за нашиот портал Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски – Љубац.