ПРИВЕДЕНИ ТРИ ЛИЦА ВО ТЕТОВО ЗА ПОСЕДУВАЊЕ МАРИХУАНА

Вести Истакнато Македонија

Како што стои во билтенот на МВР, вчера  околу 18,00 часот, на улица „121“ во Тетово лишени од слобода се Д.З.(20) и Е.Р.(18), двајцата од село Палатица. Кај нив е пронајдена марихуана и нож. Вчера, исто така, околу 21,30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, поради поседување марихуана, лишен од слобода е и Б.И.(34) од Тетово. Се работи на целосно расчистување на двата случаи.