Познатиот македонски актер Оливер Митковски преку социјалната мрежа Facebook праша кој ќе поднесе одговорност за бруталното каснење на платите за вработените под Министерството за култура.
„ Ќе понесе некој одговорност за бруталново каснење на платите? Мин. за култура, мин. за финансии, синдикат? Некој? Било кој? “
Потсетуваме дека на 15 мај Владата ја информираше јавноста дека донела одлука за нивелација на платите на вработените во државните културни институции во земјата. Нивелацијата по се изгледа уште е во тек, а плата за македонските културни работници нема.