| |

Танкерот погоден во Црното Море кај Романија е примен на ремонт во Варна

Танкерот „Wine Trader“, погоден со дронови во Црното Море во близина на Романија, денеска беше довлечен со реморкер во бугарскиот град Варна, каде што е примен на ремонт, јави Бугарската национална телевизија (БНТ).

Бродот, кој плови под знамето на Сиера Леоне, беше нападнат на 15 октомври, на околу 13 наутички милји источно од романскиот град Сулина. По ударот, на бродот избувнал пожар.

Петмина морнари биле спасени, додека преостанатите седум членови од 12-члениот екипаж се водат како исчезнати, наведува БНТ.

Слични Објави