ВМРО-ДПМНЕ: ЗАЕВ ЛИЧНО Е ВИНОВЕН ЗА СЕ ШТО И СЕ СЛУЧУВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

//

Животот ќе започне кога Заев ќе си отиде од власт.

Зоран Заев лично е виновен за се што и се случува на Република Македонија.

Зоран Заев нема да се сокрие позади оставката на неговиот слуга Павле Богоевски. Заев нема да се сокрие и позади Спасовски, Кирацовски, Ременски, Зекири, Манчевски и Шилегов кои беа катастрофа за СДСМ но уште поважно е дека тие се трагедија за Република Македонија.

Метлата е очигледно само фарса, се додека не си заминат неспособните функционери и од државните функции на чело со Заев и Шекеринска.



Заев треба да престане да се обидува преку театар за наводна метла да ги отргне граѓаните од реалноста и проблемите со кои секојдневно се соочуваат.

Потребна е метла која ќе го измете Заев, таа метла ја имаат граѓаните, а Заев ќе ја осети на избори, се вели во реакцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

АНЃУШЕВ НЕ СЕ ПЛАШИ ОД МЕТЛАТА НА ЗАЕВ: ФУНКЦИИТЕ БИЛЕ МИНЛИВА РАБОТА

Следна статија

ШЕЕСЕТТИ ЈУБИЛЕЈ НА ДАФ ВО КОЧАНИ

Најново од Вести