АНЃУШЕВ НЕ СЕ ПЛАШИ ОД МЕТЛАТА НА ЗАЕВ: ФУНКЦИИТЕ БИЛЕ МИНЛИВА РАБОТА

Чест е да се биде член на Влада, но исто така секој кој добил државна функција треба да биде свесен дека еден ден таа функција и ќе ја напушти, јас не гледам трагедија во сето тоа, изјави вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, одговарајќи на новинарско прашање за најавените смени во владиниот состав.

„Јас лично сум релаксиран по тоа прашање и мислам дека кој било да одговора на ова прашање освен премиерот е несериозно и немам што да одговорам повеќе од ова што го кажав“, изјави Анѓушев.

Извор: Макфакс