МВР без тендер набави 45 автомобили од фирма донатор на СДСМ
Со донирани милион евра од Република Чешка, македонското МВР лани без тендер купило 45 автомобили „Шкода“ од фирма која што била донатор на владејачката СДСМ во 2016 година пишува БИРН.
Чешка ваквата донација ја има доделено на македонското МВР како помош се со цел полесно справување со бранот на бегалци од Сирија и Ирак. Фирмата која е добитник на овој голем тендер е “Делукс-ауто“ од Куманово која е блиска до СДСМ, а тоа се гледа не само по добиениот тендер од МВР, туку и низа на добиени тендери од општините кои се под власт на СДСМ.
Полицијата ја прифатила чешката донацијата во јуни 2017, договорот со „Делукс-ауто“ паднал при крајот на септември, додека министерот Оливер Спасовски и чешкиот амбасадор Мирослав Томан ги промовираа новите возила во декември.
На ваквата матна зделка реагираше ВМРО-ДПМНЕ уште на 3-ти ноември, но одговори од СДСМ и од сопственикот на фирмата никогаш не беа дадени во јавноста.
