| |

Бугарија и САД ќе соработуваат за изградбата на нов нуклеарен реактор во нуклеарната централа „Козлодуј“

На денешната седница, бугарската Влада го одобри нацрт-договорот меѓу владите на Бугарија и Соединетите Американски Држави за соработка за проектот за изградба на нов нуклеарен реактор во нуклеарната централа Козлодуј и цивилната нуклеарна програма на Бугарија. Ова го соопшти бугарската владина прес-служба, пренесува БТА.

Со одлука на бугарскиот парламент од јануари годинава, Владата има задача да преговара и да склучи меѓувладин договор со американската влада за изградба на нов нуклеарен реактор во нуклеарната централа Козлодуј со технологија АР 1000. Нацрт-договорот е предмет на ратификација од Собранието.

Документот има за цел да создаде рамка за продлабочување на соработката за проектот за изградба на нов реактор на нуклеарната централа Козлодуј и нуклеарната програма за цивилни цели во Бугарија врз основа на принципот на взаемна корист и земајќи ги предвид заедничките интереси и цели на двете држави, назначени од Владата.

Консултациите, размената на експертски и технички придонес за постигнување напредок во развојот на нуклеарната програма на Бугарија, учеството на субјекти од трети земји, предмет на важечкото национално законодавство, во проектирањето, изградбата и пуштањето во употреба на новиот реактор во нуклеарната централа Козлодуј“, идентификувањето на потенцијалното финансирање, промоцијата на нуклеарната енергија за цивилни цели во рамките на Европската унија се меѓу главните активности според договорот.

За Бугарија, нуклеарната енергија игра важна улога во гарантирањето на националната, регионалната и европската енергетска безбедност. Обезбедува енергија по пристапни цени и е клучен елемент во напорите за транзиција кон економија со ниска потрошувачка на јаглерод, посочува уште бугарската владината прес-служба.

За блокот 8 на нуклеарната централа Козлодуј веќе е започната процедура за проценка на влијанието врз животната средина, соопшти денеска на форум во Софија министерот за енергетика на Бугарија Румен Радев.

Слични Објави