Бугарија протерува 70 руски дипломати

/

Бугарија ќе протера 70 руски дипломати. Тие добиле ултиматум до недела да ја напуштат земјата.

Веста ја соопшти премиерот Кирил Петков, кој појасни дека тоа се случило благодарение на службите, јави агенцијата БГНЕС.

Сите биле дипломати, но извршувале необични активности, рече премиерот во заминување Петков.

Ова не е агресија врз рускиот народ. Секој што работи за странски интереси ќе биде повикан да се врати во земјата од која дошол, изјави премиерот Кирил Петков. Многу од овие луѓе работеа директно за странски служби и нивната дипломатска улога беше прикриена. Во недела очекуваме полн авион со 70 седишта да се врати во Москва, додаде Петков.



Кога странските влади ќе се обидат да се мешаат во внатрешните работи на Бугарија, ние јасно ќе се спротивставиме, додаде тој.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

(Видео) Инцидент во Собранието на КЕП, Адеми фрла предмети кон пратеници

Следна статија

(Видео) ЗНМ и ССНМ најостро ги осудуваат навредите од советникот во општина Охрид Нефи Усеини кон новинарката Емилија Мисирлиевски

Најново од Вести