„Трибуна“ со поддршка за сајтот Faktor.bg кој е блокиран за териториjaта на Руската Федерација

//

Тим Трибуна

Еден од најобјективните бугарски портали Фактор.бг е блокиран за територијата на Руската Федерација и е недостапен за читање од луѓето, кои се наоѓаат на руска територија. Од Фактор.бг информираат дека забраната на сајтот е донесена на барање на рускиот главен обвинител Игор Краснов.

Федералната служба за надзор врз масовните комуникации изпратила известување до хостинг компанијата, која работи со Фактор.бг, со образложение дека сајтот го нарушува редот за емитување на информации.

Од таа државна установа обвинуваат дека Фактор.бг шири лажни вести и невистинити информации, кои се во колизија со законите на Руската федерација. Тие побарале т.нар. лажни вести и невистинити информации да бидат избришани во рок од 24 часа, но од Фактор.бг го искористиле своето право на одбивање со молк.

Сметаме дека диктаторскиот режим на Владимир Путин во Кремљ нема иднина, цензурата не може да го замолчи слободниот говор, а демократијата во Русија нема алтернатива, велат од Фактор.бг.



„Трибуна“ застанува гордо до своите пријатели од тимот на Фактор. бг во борбата против манипулацијата, лагите и пропагандата на режимот на Владимир Путин, кој донесе со себе само диктатура, тортура, политички убиства и војни во Русија и надвор од неа.

Ја изразуваме јавно нашата поддршка за тимот на Faktor.bg.



Претходна статија

Борел и Вархеји денеска и утре во Црна Гора

Следна статија

Почната е постапката за екстрадиција на хрватскиот државјанин Иванагиќ

Најново од Вести