ТРИЧКОВСКИ: УЧИТЕЛИТЕ МОЖАТ ДА ШТРАЈКУВААТ СО ГЛАД, СО НЕРАБОТА, СО САМОЗАПАЛУВАЊЕ НО НАДВОР ОД УЧИЛИШТАТА!
„Окупацијата и узурпацијата на школите и школскиот простор е кривично дело што се вика незаконско запоседнување на туѓ имот. Штрајкот на учителите и учителките не е гума што може да ја избрише оваа квалификација. Тоа, пак, што со штрајкот односно со узурпацијата се спречуваат други легитимни корисници на истиот простор, во случајов децата, да влезат во училиштата, е дополнителна отежнувачка околност за узурпаторите, па дури, мислам, и посебно кривично дело оневозможување на законските права на други во користењето на имот.
Учителите и учителките можат да штрајкуваат со глад, со жед, со молчење, со неработа, со самозапалување или на некаков друг начин, надвор од училиштата или во своите простории во училиштата.
Сите би требало уште денеска да се процесуираат од страна на просветни инспектори и јавни обвинители“, напиша на својот facebook профил, новинарот Бранко Тричковски.