ТРИЕСЕТИНА ЛИЦА ОД МАЛЕШЕВИЈАТА И ПИЈАНЕЦ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ИАКО НЕМААТ СИМПТОМИ
Епидемиологот Сузана Каракашева вели дека фактот дека Пехчево и Берово се меѓу општините кои се уште не се погодени од корона вирусот се должи на свеста на граѓаните за задолжителното почитување на мерките и препораките на Владата и Министертстворо за здравство, пренесува Независен.
„Во моментов, од сите 12 лица кои се наоѓаат во самоизолација во Пехчево и Берово, ниту еден нема симптоми на КОВИД-19.Во самоизолација во Пехчево моментално има едно лице, додека 11 лица се во самоизолација во Берово. Сите се во добра здравствена состојба без симптоми на болеста. Апелирам и понатаму на почитување на мерките и препораките за заштита од КОВИД-19, со што ќе останеме на листата на општини каде не е регистрано присуство на вирусот“, истакнува Каракашева.
Од полицијата во Пехчево информираат дека до моментот не е поднесена ниту една кривична пријава за прекршување на забраната за движење.
Во Берово според информации на полицијата се поднесени 8 кривични пријави за прекршување на полицискиот час.
Покрај Пехчево и Берово, меѓу градовите на Истокот од земјава без случаи со коронавирус се и Делчево и Македонска Каменица. Во самоизолација во овие две општини се 17 лица.
