ТУРЦИЈА ГО КАЗНИ „БУКИНГ“ ЗА НЕЛОЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА
РЕГИОНТурција го казни „Букинг“ за нелојална конкуренцијаОбјавено пред 16 часа – 9 ноември, 2019Од Макфакс
Турција ја прогласи виновна познатата интернет страница за резервирање сместување „Букинг“ Booking.com, за нелојална конкуренција во земјата и ја казни парично со 78.000 евра.
Иако станува збор за меѓународна компанија, Booking.com се најде на удар на турските закони, според кои сите компании кои работат во Турција (дури и преку турска мрежа) подлежат на административна и судска ревизија.
Стопанскиот суд оцени дека на Booking.com се наоѓаат реклами кои се сметаат за нелојална конкуренција (на пример „Гаранција за најдобра цена“), а тие огласи се појавуваат и во договорите со хотелите.
Судот испрати копија од својата одлука до Министерството за култура и туризам, во случај на можни административни санкции против Booking.com.
Во текстот се наведува дека фирмите за е-трговија со седиште во странство, во Турција работат без дозвола и не плаќаат директни даноци.
Извор: Макфакс
