МАЛКУ ТРЕБАШЕ ДА ГИ ИМПРЕСИОНИРА „РОСОНЕРИТЕ“: ЕЛМАС НА „РАДАРОТ“ НА МИЛАН

Елиф Елмас синоќа одигра само 25 минути за Наполи на дуелот против Џенова и толку малку му требаше за да биде меѓу најдобрите играчи на домашниот тим во разочарувачкото реми без голови.

Македонскиот репрезентативец го немаше во тимот на Карло Анчелоти неколку натпревари, но синоќа на „Сан Паоло“ покажа дека на него треба сериозно да се смета. Импресионирани беа новинарите, навивачите и очигледно челниците на Милан.

Шпекулациите во италијанските медиуми велат дека Звонимир Бобан и Паоло Малдини се сериозно заинтересирани за Македонецот. Наводно Милан е подготвен да му плати на Наполи 30 милиони евра уште во јануари.

За ова се прашуваат и „наполитанците“, кои не се баш расположени да се разделат со Елмас по само шест месеци, откако платија 16 милиони евра за него од Фенербахче. Елмас има само 20 години и важи за еден од најголемите таленти во Европа, а неговата цена набрзо би можела да се зголеми неколку кратко ако продолжи со добрите игри.

Сепак, добро е да се знае дека еден гигант како Милан го следи нашиот фудбалски „бисер“.

Извор: Спорт1

Слични Објави