|

ДВАЈЦА СКИЈАЧИ ЗАГИНАА ВО ЛАВИНА НА АЛПИТЕ

Властите на југот од Австрија соопштија дека двајца скијачи загинале во лавина на Алпите. Австрискиот сервис ОРФ објави дека тие се скијале надвор од обележаната стаза во регионот Октал.

Службата за предупредување на опасност од лавини во австриската држава Тирол, вчера издала соопштение за зголемен ризик поради обилни снежни врнежи, јави Ројтерс.

Извор: Макфакс

Слични Објави