Турција воведува закон за цензура на интернет медиумите
Радиодифузното тело за контрола на радијата и телевизиите во Турција отсега ќе биде со зголемени овластувања кои ќе ги вклучуваат и интернет медиумите, јавува А1 Он.
Ова е предвидено во предлог-законот што синоќа беше доставен во Парламентот. Според опозицијата овој закон ќе доведе до цензура на интернет медиумите.
Со новата регулатива контролниот орган ќе може да спречи аудио и видео материјали на интернет, објави на социјалните мрежи и филмови, доколку тие претставуваат закана за националната безбедност или пак шират неморал.