|

Турскиот парламент расправа за членството на Шведска во НАТО

Турскиот парламент попладнево треба да ја продолжи расправата за ратификацијата на шведската кандидатура за членство во НАТО, горливо прашање дополнително комплицирано откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го поврза со барањето на Анкара Вашингтон да и продаде борбени авиони Ф-16.

Шведска и Финска го отфрлија децениското воено неврзување и се обидоа да се приклучат на одбранбената организација предводена од САД откако Русија ја нападна Украина минатата година.

Нивните барања за членство беа брзо одобрени од сите членки на НАТО, освен Турција и Унгарија. Но, во случајот со Финска тие попуштија, па во април стана 31-ва членка на НАТО.

Турција и Унгарија се единствените членки на НАТО кои допрва треба да ја ратификуваат кандидатурата на Шведска 19 месеци откако таа поднесе барање за членство.

Комитетот за надворешни работи на турскиот парламент не успеа да го договори текстот за парламентарно гласање во ноември и ќе се состане повторно во вторник попладне.

Слични Објави