УАПСЕН АЛБАНСКИ ДИЛЕР НА МАРИХУАНА ВО СТРУШКО

Полицијата уапсила дилер на дрога од Албанија од кого запленила марихуана.

loading...

Акцијата е спроведена во струшко по претходно добиени оперативни сознанија.

Полициските службеници сопреле патничко возило со гостиварски регистарски таблички, кое е во сопственост на А.С. (41) од с.Лакавица-Гостивар, а управувано од Ф.Ц. (20) од Р.Албанија. Во возилото биле и Б.Л. (34) и Т.Е. (26), двајцата од Албанија.


loading...

„При преглед на возилото и лицата, била пронајдена марихуана што му припаѓала на Ф.Ц..Лицата се приведени во полициска станица, а Ф.Ц. е задржан за натамошна постапка и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство – информираат од МВР.