УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ ЗАБИЛ СО АВТОМОБИЛ ВО ОГРАДАТА НА БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ
Еден маж е уапсен изутринава во Лондон откако со својот автомобил удрил во безбедносната ограда пред зградата на британскиот Парламент, соопшти полицијата, наведувајќи дека се повредени неколку пешаци.Инцидентот се случил околу 7:30 часот по локално време. На лице место пристигнале поголем број припадници на полициските сили, како и возило на Итната помош и пожарникари. Зградата на британскиот Парламент е опкружена со челична и бетонска заштитна ограда. Засега не се познати причините за инцидентот.Зградата на британскиот Парламент е опкружена со челична и бетонска заштитна ограда. Засега не се познати причините за инцидентот.
Извор: Точка
