Уапсен Норвежанец во касарната „Илинден“, рекол дека следел координати на мапа и случајно залутал
Полицијата уапси 28-годишен Норвежанец во касарната „Илинден“. Тој рекол дека следел координати на мапа и случајно залутал во касарната.
Според информациите на МВР, вчера во 15:30 часот во касарна „Илинден“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода Е.К.Т.(28) од Норвешка поради сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик – „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.
Тој е задржан во Полициската станица Карпош, при што изјавил дека, следејќи координати на мапа, случајно влегол во кругот на касарната.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
