Вчеравечер во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на Плоштад „Македонија“ бил нарушен јавниот ред и мир од полски навивачи кои се дојдени да го следат фудбалскиот натпревар помеѓу нашата и репрезентацијата на Полска. Полициски службеници излегле на местото и во Полициската станица Центар биле приведени лицата П.М.Б.(30), П.В.(38), K.K.(26) и С.В.Б.(40), сите државјани на Република Полска, за понатамошна постапка,соопшти МВР.
Полските навивачи се дојдени во Скопје да ја бодрат нивната репрезенација која денеска игра против Македонија во рамки на евроквалификациите.