| |

УАПСЕНИ ТРОЈЦА КУБАНЦИ КОИ ИЛЕГАЛНО ЈА ПРЕМИНАЛЕ ГРАНИЦАТА

Тројца Кубанци биле уапсени кај местото викано Макминерал, кај Битола, откако нелегално ја минале македонско-грчката граница.

Како што информираат од МВР, Кубанците на возраст од 25, 26 и 34 години биле пресретнати од полицајци од полициската станица Меџитлија.

Уапсените биле пренесени во регионалниот центар за гранични работи „Југ“ за понатамошна постапка.



Слични Објави