|

УБАВА ВЕСТ: АМЕРИКАНКА ЗАРАЗЕНА СО КОВИД-19 ВО КОМА РОДИЛА ЗДРАВО ДЕВОЈЧЕ

Млада Американка родила здраво бебе додека била во кома заради Ковид-19, јавуваат американските медиуми.

Анџела Примаченко била трудна во 33-тата недела, кога лекарите разбираат дека таа е заразена со коронавирус. Состојбата на младата 27 годишна жена брзо се влошува и таа паѓа во кома.

Лекарите почнуваат борба за спас на нејзиниот живот и животот на нејзиното бебе. Тие го предизвикуваат пораѓањето и додека мајката е во кома, на бел свет се појавува здраво девојче.

По пет дена Анџела се буди од коматозната состојба и разбира дека за втор пат станала мајка.

„Не очекував дека ќе се заразам и дека ќе се породам на ваков начин. Едноставно се разбудив и разбрав дека повторно сум мајка“- раскажува Анџела за „Today Show“.



Слични Објави