ТУРЦИЈА БЕСПЛАТНО ЌЕ ГИ ЛЕКУВА СИТЕ СВОИ ДРЖАВЈАНИ ОД КОРОНАВИРУС
Турската влада донесе нова регулатива, според која турските граѓани ќе добијат бесплатно лекување на СОВИД-19, дури и да немаат здравствено осигурување.
Регулативата веќе е објавена во Службениот весник на Турција.
Дирекцијата за социјално осигурување претходно објави бесплатен третман на болеста за граѓаните што имаат здравствено осигурување.
Во борбата против пандемијата од коронавирусот, Турција ја засили изградбата на нови болници и започна со плазма-терапија на пациентите.

