Убава вест од Бугарија: Четворица од повредените во Кочани ќе бидат отпуштени од „Пирогов“
Четворица од настраданите пациенти примени во бугарската болница Пирогов по трагедијата во Кочани ќе бидат пуштени утре од болницата. Ова за Нова телевизија го изјави директорката на Kлиниката за изгореници и пластична хирургија проф. д-р Маја Аргирова.
Пациентите ќе останат во Бугарија за да може да биде следена нивната состојба . Болницата Пирогов ќе има обврска за целосното оздравување на пациентите во следните две години, јавува БГНЕС.
