Ученици од Бугарија, Молдавија и РС Македонија му испратија писма со благодарности на д-р Милен Врабевски
Ученици од Бугарија, Молдавија и Северна Македонија го изненадија д-р Милен Врабевски со трогателни писма, во кои ги споделуваат своите впечатоци од посетата на Софија и можноста да се приклучат на празничната поворка по повод 24 маj- Денот на Свети Кирил и Методиј, бугарската азбука, просвета и култура и словенската книжевност.
Во своите писма учениците зборуваат за емоциите и новите пријателства и апелираат за повеќе вакви средби на младите. од трите држави.
“Д-р Врабевски, од се срце ви благодарам за можноста да ја запознаам татковината на моите прадедовци Бугарија! Важно и вредно е да го помниш својот народ, своите корени и ви ветувам дека ќе го задржам бугарското во мене и ќе го пренесувам. Бугарија е дел од моето срце, сакам да продолжам да живеам овде, во мојата родна земја, а ја запознав благодарение на Вас! Благодарам!“, пишува во своето писмо Татјана Чебанова од Молдавија до претседателот на Фондацијата „Бугарска памет“.
“Досега ја немав посетено Софија и мило ми е што имав можност да ја видам убавината на Бугарија и да се приклучам на поворката за 24 мај! Благодарам на д-р Врабевски што не покани и создаде толку многу пријателства”, вели во своето писмо ученичка од РС Македонија во писмо до д-р Врабевски.
Од тимот на Фондацијата „Бугарска памет“ споделуваат дека кај нив огромна радост предизвикува фактот дека уште една година за 24 мај во Софија се собрале млади луѓе од различни земји кои можат мирно да комуницираат меѓу себе без јазична бариера, да се забавуваат заедно и да создаваат пријателства.











