Учениците од Националното училиште за народни уметности „Филип Кутев“ од Котел Бугарија со успешна турнеја во Полска
По две музички изведби во Варшава, учениците и наставниците од Националното училиште за народни уметности „Филип Кутев“ (НУФИ) во Котел изведоа турнеја од 7 концерти во Полска – во Познан, Полаево и регионот.
На 23та Меѓународна средба на гајдари –коледари, учествуваа фолк изведувачи од Бугарија, Ирска, Португалија, Словачка, Белорусија и од цела Полска. Бугарските учесници покажаа талент, вештини и ентузијазам, но и издржливост – дел од фестивалските настани се одржаа на отворено, и покрај јануарскиот студ карактеристичен за северниот дел на Полска.
Пејачката Антоанета Лефтерова, гајдарите Красимир Рачев и Ивалин Рајчев и хармоникашот Божидар Кржин го претставија високото професионално ниво на обука и континуитетот меѓу генерациите на училиштето во Котел.
Нивната турнеја во Полска го означи почетокот на седмото издание на фестивалот „Полска, запознај ја иднината на бугарската уметност“, кој секоја година го организира Бугарскиот културен институт – Варшава за презентација на средните и високите училишта при Министерството за култура на Бугарија.
