Мицкоски би седнал на маса со Ковачевски, но само за да зборуваат за предвремени избори?!

/

Новиот мандатар, а наскоро и нов премиер, Димитар Ковачевски, најави дека откако ќе се формира новата влада ќе има средба со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Но, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за ова дознале од медиумите и дека кај нив засега нема никаква покана.

„За покана за средба на Ковачевски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дознаваме од медиумите и сè уште нема официјална покана за средба. Доколку има таква покана, средбата би била прифатена под услов да се разговара за следниот дневен ред: предвремени парламентарни избори како единствено оддржливо и кон граѓаните одговорно решение, содржината на одговорите на прашалникот 5 плус 1 кон Бугарија и позициите на Македонија и точка разно во која би спаѓало и разговор на темата сузбивање на криминалот и корупцијата“, појаснија за Плусинфо од ВМРО-ДПМНЕ.

Новата влада предложена од Ковачевски, се очекува да биде изгласана во Собранието во сабота.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Почина Горjан Тозија, поранешен директор на Агенцијата за филм

Следна статија

Антовски: Граѓаните мрзнат, а власта си тера пи-ар

Најново од Вести