Почина Горjан Тозија, поранешен директор на Агенцијата за филм

/

Горјан Тозија, координаторот на владиното Координативно тело за поддршка и одржлив развој на Преспанскиот Регион и поранешен директор на Агенцијата за филм, почина денеска во Скопје, Имаше 68 години.

Директор на Агенцијата за филм беше од 2017 до 2020, а лани Владата го именува да раководи со телото за развој на Преспанскиот Регион.

Тозија, дипломец на катедрата за Историја на уметност и археологија на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од 1981, беше филмски продуцент, а во изминатите влади на СДСМ беше и државен секретар на Министертвото за култура, како и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Претходно беше директор на државната филмска продукциска куќа „Вардар филм“, и претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ).



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Приведени двајца прилепчани, нелегално поседувале оружје и муниција

Следна статија

Мицкоски би седнал на маса со Ковачевски, но само за да зборуваат за предвремени избори?!

Најново од Вести