|

Шкријељ: Од 7.200 до 10.800 денари финансиска поддршка за 105 илјади ученици за 6 месеци

„Грижата за сите е темелот на нашите мерки и политики со кои создаваме еднакви можности и подобри услови на секој човек. Со новиот 9-ти пакет антикризни мерки обезбедуваме финансиска поддршка за средношколци и ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари. Помагаме повеќе за надминување на тешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот, но и во услови на продолжени ефекти од енергетската криза“, рече Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ.

„Во наредните 6 месеци по 1.800 денари месечно добиваат 35.000 ученици од средно училиште. Тоа се вкупно 10.800 денари до завршување на училишната година, финансиска поддршка за ученик.

Со мерката се опфатени и учениците од основното образование. Во наредните 6 месеци по 1.200 денари месечно добиваат 70.000 ученици од основно училиште.

Тоа се вкупно 7.200 денари до завршување на училишната година за ученик. Вкупниот опфат само со оваа мерка се 105.000 ученици.

Дополнително, за 15.000 студенти, кои студираат на државните универзитети надвор од местото на живеење, добиваат ваучер за превоз од 600 до 1.200 денари месечно.

Работиме за зголемување на ученичкиот и на студентскиот стандард за основците, средношколците и за студентите од ранливи семејства, се грижиме за нив и за нивната социјална сигурност“, соопшти Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ.



Слични Објави