„Училиште за херои“ се одржа во Регионалниот историски музеј во Благоевград
Директорот на Регионалниот музеj во Благоевград, д-р Кирил Алексиев, заедно со претставници на Регионалното друштво „Традиција“ облечени во униформи им покажаа на деца од градинки во градот, како изгледале војниците и комитите кои ја донеле слободата во Бугарија. Отворениот час е дел од одбележувањето на 145 години од ослободувањето на Бугарија.
„Сакаме да ги научиме децата на вистинската историја, на тоа што се случувало во минатото. Гледаме како им светнуваат очите и на тој начин на овие деца им оставаме спомен со сликањето со знамето од Самара, со држење во рацете на пушка од бугарското ополчение или сабја на бугарски востаник“, вели д-р. Кирил Алексиев.
Отворените часови во музејот се одржуваат веќе неколку години и интересот за нив е многу голем. Заедно со знаењето дадено во овие лекции, на децата им останува силен емоционален набој што може да доведе до поголема желба да дознаат повеќе за историјата.
Вакви отворени часови се предвидени и на 3 март- Националниот празник на Бугарија. Влезот во музејот тогаш ќе биде бесплатен. Ќе има и огномет, на кој ќе бидат претставени борбените знамиња, а исто така ќе се одржи и традиционалната поворка посветена на Ослободувањето на Бугарија.

