Украина ги повика жителите околу Запорожје да се евакуираат

/

Украина денеска ги повика жителите на областа околу нуклеарната централа Запорожје да се евакуираат заради сопствена безбедност.

– Апелирам до жителите на областа во близина на нуклеарната централа Запорожје … евакуирајте се! Најдете начин да стигнете до територијата под (украинска) контрола. Ве чекаме и ќе ви помогнеме, напиша украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на социјалните мрежи.

Дмитро Орлов, протераниот градоначалник на Енергодар, кој ја опслужува нуклеарната централа, на Телеграм изјави дека градот е под оган од руските сили и нема струја.

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа.



Извор: zoom.mk



Претходна статија

Османи – Хукстра: Пријателството и партнерството помеѓу нашите две држави што се одвива во последните три децении

Следна статија

Османи: Во МНР се потребни минимум 50 нови вработувања

Најново од Вести