МИЦКОСКИ ПРЕД НЕТПРЕС: НЕМА ДА ГИ ПРИЗНАЕМЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОПИСОТ, АКО НЕ БИДАТ ПРИФАТЕНИ НАШИТЕ ПРЕДЛОЗИ

Ако не се прифатат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, партијата нема намера да ги признае резултатите од пописот, напротив жестоко ќе ги отфорли. Во периодот кој седи ќе работи на терен истите да ги девалвира, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во третиот дел од Божикното интервју за порталот НетПрес.

loading...

ВМРО-ДПМНЕ предлага пописот да биде одложен со една година.

„Сега вие сте решиле на сила да туркате попис, а доверба не сте изградиле во државата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага прво, да го одложиме за една година, имаме време 2022 година како што направи Германија е сосема доволна бидејќи немаме избори. Второ,  бараме веднаш ако е статистичка операција да се тргнат двата врзани потписа затоа што еве јас ви гарантирам дека тие потписи значат политичка операција. Трето, за да докажеме кој е резидент бидејќи согласно Еуростат вие попишувате резиденти мора да бидат применети читачите на отисоци на прсти или тн. фингерпринти кои согласно новиот Изборен законик се предвидени да бидат дел од следните локални избори во октомври 2021 значи не е дополнителен троошок тие терминали секако мора да бидат набавени,  атака ќе знаеме кои се присутни кои се отсутни тука веќе лажирање, двоен потпис“, вели Мицкоски пред Нетпрес.



loading...

Лидерот на партијата е дециден дека ако барањата на ВМРО-ДПМНЕ не бидат прифатени, истата нема да ги признае резултатите од пописот, ќе работи на терен за да ги девалвира истите, но нема да повикува на бојкот заради глобите што следат заради непопишување

„И конечно да сумирам доколку сето ова не биде прифатено, а засега на комисиска расправа ништо не е прифатено, продолжат со насилната процедура, злоупотреба на европското знаменце ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги признае резултатите, напротив жестоко ќе ги отфорли во периодот кој седи ќе работи на терен истите да ги девалвира, а доколу некој мисли дека ВМРО-ДПМНЕ  ќе повика на непопишување не е така зошто постои казна глоба од 300-400 евра, ние тоа не можеме да го направиме. И да повика ВМРО-ДПМНЕ теоретски дека целата глоба ќе си ја плати секој, тогаш дел од населението ќе се попише, дел нема и ќе има дисбаланс во резултатите. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на терен жестоко да ги девалвира, нема да ги признае резултатите од овој попис затоа што не постои доверба. Ако Заев мисли дека треба да прифати попис кој ќе биде политички, а не статистички, каде ќе има мапирање за локаланите избори за да може утре да носат вакви или такви подароци, за да ги плати активистите кои работат на избори, тогаш и покрај препораките на ОН, тогаш тоа е негова одлука“, вели Мицкоски во интервјуто за НетПрес.