Д-Р БЕЌАРОВСКИ – ТИЕ ШТО СЕ ПРИЧЕСТИЈА СО ЕДНО ЛАЖИЧЕ ЗГАЗИЈА ВРЗ ЛЕКАРИТЕ, ВО КАФЕАНИТЕ БАРЕМ ДАВААТ ПОСЕБНИ ЛАЖИЧИЊА ЗА ГОСТИТЕ

Доктор Нико Беќаровски од Токсикологија денеска излезе со жестока реакција кон граѓаните кои за божиќните празници се прочестуваа со едно лажиче во верските храмови.Вели дека штом е така, тогаш подобро е барем власта да дозволи отворање на кафеаните и до подоцна, бидејќи таму, како што вели, барем даваат по едно лажиче за еден гостин.„Сите Вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте.

loading...

Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се “бањаме” за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите.П.С. Отворете ги кафеаните, таму барем даваат едно лажиче за еден гостин“, напиша на фејсбук доктор Беќаровски.



loading...