| |

ВЛАСТИТЕ ВО СКОПЈЕ УМОРЕНИ ОД БУГАРИЈА, СИ ДАВААТ НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ОДМОР

Во време кога се очекуваше Владата да излезе со нова стратегија за решавање на спорот со Бугарија, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров најави нешто сосема друго. Следува период на пауза сè додека не завршат изборите кај источниот сосед на 28 март. Слично како што во минатите години кога властите во земјава се судираа со некоја блокада при интеграцијата во НАТО или во ЕУ, така и Димитров сега вели – време да се фокусираме на домашните реформи, јавува Алсат.

„Дел од бугарските политички сили сакаат да го користат ова прашање во кампањата. Не мислам дека ќе помогнеме ако се вклучиме во оваа приказна. Мислам дека е време да одмориме од овој проблем и практично од Бугарија. Време е да ги вложиме енергијата и ограниченото време што го имаме во уредувањето на нашиот двор.“-изјави Никола Димитров, Вицепремиер за европски прашања.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави