Украинската драма нè повикува да ги заштитиме бугарските национални интереси

//

Пишува: Георги Пашкулев, главен уредник на БГНЕС

Украинската трагедија предизвикана од руската агресија радикално ќе ги промени меѓународните односи. Стариот светски поредок, кој беше создаден на крајот на Втората светска војна, заминува во минатото.

За жал, Бугарија се покажа неподготвена за овие тектонски промени. За кризата околу Украина се зборува со месеци, но никогаш не успеавме да излеземе со смислен став. Згора на тоа, дури и кога војната стана факт и украинскиот суверенитет беше погазен на највисоко ниво, постојат фактори кои одбиваат да го признаат тоа и за кои „Украина е украинска“ не е важно. Иако ова не е доведено во прашање од светот и нашите сојузници.

Загубено е драгоцено време и сега мораме да дејствуваме со молскавична брзина ако сакаме Бугарија да биде фактор што треба да се земе предвид во регионот.

И покрај нашето големо доцнење, Софија мора јасно да ја каже својата евроатлантска ориентација и да ја искористи својата поволна географска положба како црноморска земја. Географијата не само што може да биде проблем, како што е со векови на Бугарија, туку може да ни даде сериозни предности. И треба да ги реализираме.

Сегашната ситуација и дава единствена шанса на Бугарија да стане вистинска членка на евроатлантската заедница и никогаш повеќе да не биде третирана со навредливата дефиниција за тројански коњ. Згора на тоа, нашите геополитички интереси на Балканот, кои се од огромно значење за нас, во голема мера се совпаѓаат со интересите на САД и Германија.

Можеби сме највредниот и најискрениот сојузник на Вашингтон и Берлин, но, за жал, ова останува непознато, бидејќи претпочитаме да робуваме на некои застарени идеи дека можеме да ја балансираме играта на големите сили.



Меѓутоа, времето на ова балансирање е завршено (тоа навистина никогаш не постоело, освен во главите на некои политичари) и мораме да заземеме јасен и дефинитивен став во име на бугарскиот национален интерес, а истиот веќе 110 години се совпаѓа со интересот на Западот а не на Истокот.

Русија одигра важна улога во нашата модерна историја, но ја загуби Бугарија со своите погрешни одлуки во пресрет и за време на Балканските војни, и со истите ископа ров меѓу нас.

Нашите интереси на Балканот се судираат. Не можеме да прифатиме поддршка и вооружување со руско оружје на криминалниот режим на српскиот претседател Александар Вучиќ, како и континуираната поддршка на Русија за македонизмот и македонистичкиот проект, кој ги затру нашите односи со нашите браќа крај Вардар.

Време е да заземеме бугарска позиција, да престанеме да маневрираме или да се спуштаме. Оваа позиција не не прави ниту предавници на словенството, ниту предавници на православието или русофоби. Тоа ќе не направи почитуван партнер во очите на САД и Германија, а и во очите на Русија, бидејќи ќе престанеме да ја лажеме Москва.

Да бидеме достојни Бугари, да ја искористиме нашата географска положба како црноморска држава за да ги заштитиме бугарските и евроатлантските интереси во регионот на Западен Балкан, уништувајќи го еднаш засекогаш антибугарскиот проруски македонистички проект и Српскиот свет на диктаторот Вучиќ, помалиот брат на Рускиот свет на Владимир Путин.



Претходна статија

Здружението „Дело“ поднесе кривична пријава за говор на омраза против Миленко Неделковски

Следна статија

Амбасадорите на земјите од ЕУ, САД и Велика Британија во РС Македонија со собир пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во земјата ја искажаа својата подршка кон Украина и украинскиот народ

Најново од Истакнато