|

Украинскиот министер за одбрана: Подготвуваме контраофанзива

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, на првата годишнина од руската инвазија изјави дека украинските вооружени сили подготвуваат планови за истиснување на руските сили од земјата.

„Пред една година ни беше тешко да дојдеме до сериозно оружје“, им рече Резников на војниците собрани да ја одбележат годишнината од војната.

„Денес, цивилизираните земји гледаат дека вие сте штитот на Европа на исток“, рече Резников, пренесе АФП.

„Ќе има контраофанзива. Работиме напорно да ја подготвиме“, додаде украинскиот министер за одбрана.

Слични Објави