УКРАИНСКИОТ ПРВ ДИПЛОМАТ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА САД ЗА ПОМОШТА ПРОТИВ РУСКАТА АГРЕСИЈА

/

Американскиот државен секретар Мајк Помпео се сретна со украинскиот министер за надворешни работи Вадим Прстајко, пренесува ТАСС.

Државниот секретар на САД се наоѓа во посета на Украина. Двајцата први дипломати разговараа за проширување на билатералните односи меѓу Киев и Вашингтон.

Помпео подвлече дека неговата земја ја поддржува украинската влада во борбата против руската агресија. Помпео и Прстајко разговараа и за можните области за партнерство.

„Многу конструктивен состанок. Се разговараше за стратешкото партнерство меѓу двете земји во воен и економски план“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Екатерина Зеленко.



Прстајко се заблагодари на Помпео за американската поддршка во спротивставувањето на руските активности и додаде дека Украина добила поддршка за својот суверенитет и важните реформи што требало да бидат спроведени.



Претходна статија

УАПСЕН АРАЧИНОВЕЦ НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ – ТЕТОВО, БИЛ ВООРУЖЕН ДО ЗАБИ

Следна статија

СКОПЈАНКА ИМ ДАЛА 10.000 ЕВРА НА ИЗМАМНИЦИ КОИ ТЕЛЕФОНСКИ ЈА УБЕДИЛЕ ДЕКА ЌЕРКА Ѝ ПРЕДИЗВИКАЛА СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА

Најново од Вести