|

УЛТИМАТУМ ОД 24 ЧАСА: ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО ХОНГКОНГ БАРААТ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Маскиран демонстрант на Кинескиот универзитет во Хонгконг утринава изјави дека владата има рок од 24 часа да го исполни нивното барање за избори.

Демонстрантите забарикадирани на еден универзитет во Хонгконг бараат владата да преземе обврска до 24 ноември да организира локални избори.

Студентите и другите демонстранти ги зазедоа водечките универзитетски кампуси во Хонгконг, поставија барикади и се обезбедија со мноштво Молотови коктели и други предмети за борба.

Неделава во Хонгконг е забележана ескалација на насилствата со интензитет на уличните пресметки меѓу полицијата и демонстрантите, како и во судирите на универзитетите.

Антивладините протести во Хонгконг траат повеќе од пет месеци.

Слични Објави