Уште десет камиони со помош пристигнaa во Газа
Палестинската Црвена полумесечина (PRCS) соопшти дека примила уште 10 камиони со хуманитарна помош од египетската Црвена полумесечина преку преминот Рафах, кои содржат храна и медицински материјали.
Бројот на камиони кои пристигнаа во Појасот Газа достигна 94, соопшти организацијата, додавајќи дека ниту еден не превезува гориво.

