| |

УШТЕ ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ХРВАТСКА

Два благи потреси со епицентар кај Петриња со магнитуда од 3,6 и 3,3 по Рихтер се забележани рано утрово, јавува хрватската сеизмолошка служба.

Првиот потрес со магнитуда од 3,7 степени по Рихтеровата скала се случил во 4:55 часот.

Вториот, послаб потрес, со магнитуда од 3,3 степени по Рихтер, се случил во 5:19 часот, соти во извештајот од сеизмолошката служба, пренесе „Хина“.

Земјотресите биле почуствувани и во Загреб. Подрачјето на централна Хрватска не престанува да се тресе од разрниот земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер кој се случи на 29 декември минатата година.

Слични Објави