| |

Уште еден македонски Бугарин на распит во Обвинителство

Познатиот македонски Бугарин од Велес Драги Каров денеска на својот Facebook профил ја објави поканата од Основното јавно обвинителство во Велес, каде што треба да се јави утре (27.05) во својство на обвинет за кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобични материјали по пат на компјутерски систем“ според чл. 394 Г. од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Во поканата стои уште дека доколку обвинетиот не се јави, ќе биде приведен според член 145 од ЗКП. Обвинетиот исто така има право да ангажира свој бранител, кој може да присуствува на испитувањето.

Потсетуваме дека за истото кривично дело беше суден и Љупчо Ѓоргиевски претседател на забранетиот бугарски клуб од Битола „Иван Михајлов“. Судскиот процес против Ѓоргиевски заврши на 21 мај 2025 г. по повеќе од две години. Пресудата за Ѓоргиевски ќе биде објавена до крајот на овој месец.



Слични Објави