Усмртен 52 годишен маж при групна тепачка во Гостивар

/

Гостиварец починал од повреди нанесени со остар предмет при групна тепачка, која се случила ноќеска. Како што соопшти МВР, на 30.07.2022 во Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар, по преземени мерки и активности, лишени се од слобода Б.И.(55), Х.И.(64), Ј.И.(20), М.Р.(34), Б.Е.(51), Ш.И.(25), М.С.(24) и Ј.С.(31), сите од гостиварско, затоа што околу 00.45 часот на бул.,,Браќа Ѓиноски“ во Гостивар учествувале во физичка пресметка.

„По претходна расправија поради нерасчистени меѓусемејни односи помеѓу Б.И., Х.И. и Ј.И., сите од гостиварско Здуње, од една страна и Р.С.(52), Б.Е., М.С. и Ј.С., сите од Гостивар, од друга страна, дошло до физичка пресметка во која Б.И. употребил остар предмет и му нанел убодна рана на Р.С.. Повреденото лице е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде ѝ подлегнал на повредата. За случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а Б.И. е изведен пред Судија на претходна постапка и против него ќе биде поднесена кривична пријава.“, информира МВР.



Претходна статија

Вицепремиерот Маричиќ го пречека шпанскиот премиер Санчез

Следна статија

Ковачевски-Санчез: Северна Македонија и Шпанија се силни сојузници, нашата децениска соработка се продлабочува

Најново од Вести