Успешно заврши петдневното заедничко дружење на младинци од Бугарија и РС Македонија, финансирано од д-р Милен Врабевски

//

Заврши петдневниот престој на младинците од Република Македонија и Бугарија, финансиран од д-р Милен Врабевски, јавуваат од Фондација „Бугарска памет“.

„Во овие денови исполнети со емоции, децата имаа исклучително интересна и богата програма.
Пристигнаа директно во Копривштица, каде што можеа да видат дел од знаменитостите на градот и успешно се справија со задачата да сликаат слики инспирирани од возрожденската архитектура.
Потоа, младинците ги претставија своите цртежи на тема „Од двете страни на границата“ пред пратениците на изложба во Народното собрание на Бугарија. Тие исто така имаа можност да ја разгледаат зградата на бугарскиот парламент и да научат интересни факти за истата“, се вели во соопштението на Фондацијата.

„Во програма не недостигаше забава – учениците го посетија својот омилен ресторан, во еден од големите трговски центри со најатрактивното место за забава, каде имаа можност заедно да играат куглање, билијард и ласерски игри.


Гостите на д-р Врабевски имаа интересно едукативно предавање, а потоа изненадувањата продолжија.

Младите ја посетија чудесната палата Врана, каде лично ги пречека Неговото Височество Симеон Втори. Царот ги поздравил децата „од двете страни на границата“ и им посака секогаш да бидат обединети и пријателски расположени.

Програмата на групата продолжи со посета на Рилскиот манастир – едно од најубавите и најинспиративните места во Бугарија, каде сите учесници добија сертификати кои потврдуваат дека се дел од проектот на Фондацијата „Бугарска памет“.


Заедничкиот престој на децата од Бугарија и Република Македонија заврши со многу нови пријателства и ветувања за идни средби. Им благодариме што ни беа гости“, стои во соопштението на Фондацијата „Бугарска памет“.



Претходна статија

Армиски оркестар на Македонија ќе настапи на 110 годишнината од создавањето на албанската армија

Следна статија

Цар Симеон за пукањето кон бугарскиот клуб: Ваквите постапки ѝ штетат пред се на Северна Македонија

Најново од Вести