УСТАВНИТЕ СУДИИ ЌЕ ДОНИРААТ 20% ОД СВОИТЕ ПЛАТИ, ОТКАКО ЈА УКИНАА УРЕДБАТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ПРИМАЊА
Уставните судии на вчерашниот работен состанок донеле одлука да донираат 20 отсто од својата нето плата за април во фондот за борба против корона вирусот, јавува Фокус.
„Уставниот суд, уште еднаш нагласува дека во секој од предметите кои се разгледуваат, се оценува уставноста и законитоста на нормите, а не целта која се сака да се постигне преку нив, се наведува во кусото соопштение од Судот.
Уставниот суд пред неколку дена едногласно ја укина владината уредба за кратење на платите на сите функционери, односно за судиите, обвинителите, пратениците, советниците во општините, директорите и другите раководни лица.