ПУКАЛ СО ВОЗДУШНА ПУШКА ВО УЛИЧНО КУЧЕ НО НАМЕСТО НЕГО ГО ПОГОДИЛ СВОЈОТ БРАТУЧЕД ВО ГЛАВАТА
Дваесет и тригодишен маж од Прилеп, со воздушна пушка пукал кон улично куче скитник што влегло во неговата бавча, но го погодил својот братучед во главата.
Како што информираат од МВР, повреден е 47-годишен маж, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Настанот се случил вчера на улицата „Беровска“ во Прилеп. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

