|

ГРЦИЈА СО СТРОГИ МЕРКИ ЌЕ ГО СПРОВЕДУВА ЗАКОНОТ ПРОТИВ ПУШЕЊЕ, ДУРИ ПО 10 ГОДИНИ ОТКАКО БЕШЕ ВОВЕДЕН

Регионалните власти во Грција добија детални упатства за строго спроведување на забраната за пушење , која официјално стапи во сила пред повеќе од една деценија, но во најголем дел не се спроведува од тогаш, јавуваат грчките медиуми..

Потпишана од министерот за здравство Василис Кикилиас, ова нота е потсетник за владата за намерата на владата даго  спроведе законот од 2008 година за забрана за пушење на сите затворени јавни места .

Покрај сите државни, владини, локални, медицински, едукативни и детски услуги, забраната вклучува и спортски арени, сите затворени барови, ресторани и кафулиња – каде законот има тенденција да се крши  – работни места, аеродроми (освен специјално определени простории за пушачи)  патници, јавен превоз и такси. Исто така, забранува пушење во возила, јавно или приватно, со деца под 12-годишна возраст.

Највисоки стапки на недолично однесување има во јавните згради, како што се парламентот, министерствата, полициските окрузи, судовите, општинските канцеларии, баровите и ноќните клубови.

Извор: ТВ Стар

Слични Објави