СОФИЈА: КАМЧЕВ НЕ БАРАЛ ЗАШТИТА ОД БУГАРИЈА

//

Бугарските власти тврдат дека не биле информирани од македонските колеги за случајот со бизнисменот Јордан Камчев, ниту тој барал помош од нив, јавува DW Минатата година Софија го предложи токму Камчев за почесен конзул.

Официјална Софија тврди дека немала контакт со бизнисменот Јордан Камчев кој е сведок-жртва во случајот „Рекет“ кој го отвори македонското Јавно обвинителство. Според информациите до кои дојде Дојче веле, Камчев ги снимал разговорите со двајцата осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски, кои го уценувале за случајот Империја на СЈО. Аудио и видео снимките од разговорите, Камчев потоа им ги предал на бугарските служби како гаранција доколку нешто му се случи, а од тамошната влада, побарал и добил и заштита.
Бугарските власти одбиваат да ги коментираат ваквите информации, а формално тврдат дека од Камчев не добиле никакво барање за заштита од него, иако тој е бугарски државјанин, се вели во материјалот објавен од македонската редакција на Дојче веле.





Претходна статија

ГРЦИЈА СО СТРОГИ МЕРКИ ЌЕ ГО СПРОВЕДУВА ЗАКОНОТ ПРОТИВ ПУШЕЊЕ, ДУРИ ПО 10 ГОДИНИ ОТКАКО БЕШЕ ВОВЕДЕН

Следна статија

ГРУЕВСКИ СЕ ЈАВИ: НЕ ДАЈ БОЖЕ ПЕТРЕ И ЗАЕВ ДА ИМ ПАДНАТ НА ЛУЃЕТО ВО РАЦЕ ВО НЕКОЈА ТЕМНА УЛИЧКА

Најново од Вести