|

Одбележуваме 87 години од смртта на Захарија Шумљанска- бугарска просветна работничка и добротвор од битолското село Могила

На 18-ти ноември 1937 г. во Софија умира ЗАХАРИЈА ВАСИЛЕВА КРСТЕВА – ШУМЉАНСКА, просветен работник и добротвор. Родена е на 15-ти мај 1864 г. во битолското село Могила.

Завршува прогимназија во Битола и гимназија во Пловдив. Учителствува во Воден, Скопје, Одрин и во Бугарската женска гимназија во Солун. Се мажи за Полјакот Јулиан Шумљански и заедно со него и други видни дејци во Битола, основаат здружение УТЕХА и сиропиталиште НАДЕЖДА со ученичка трпезарија, каде се засолнати околу 120 деца, останати сираци по поразот на Илинденското востание. Во 1910 г. е избрана за председателка на солунското Бугарско благотворително женско здружение ВЕРА НАДЕЖДА И ЉУБОВ. За време на Меѓусојузничката војна е среде главните организтатори заедно со сопругот за создавање на Бугарската болница ЦРВЕН КРСТ за ранетите војници во Солун. После Балканските војни таа е затворена со сопругот од грчките власти. По ослободувањето Шумљански се населуваат во Софија и основат сиропиталиште БИТОЛА за бегалците од Македонија.

Захарија Шумљанска умира на 18-ти ноември 1937 г. во Софија.

“Илинденското востание заврши катастрофално за Бугарското население од битолскиот вилает. За време на борбите паднаа убиени не само од востаниците, но и многу жени и деца, кои беа принудени да се кријат по горите, заштитувани од вооружените востаници. Собраните од околните турски мохаџирски села башибозук кој што идеше не толку да се бори со востаниците, колку да пљачкосува и уништува, од основа опожари многу Бугарски села. Кога востанието беше веќе загушено, населението од опожарените села се прибра по градовите и по запазените Бугарски села. Тоа беше изложено на големи страдања и мизерија. Зимата веќе наближуваше, а населението не располагаше ниту со достаточно храна, ниту пак со достаточно облека и покривки за зимување. И кој знае како би можело да ја помине зимата, ако не се добиеја навреме помоши во пари и топли алишта од разни страни на Македонија, Европа и Америка. Тие помоши се добиваа обично преку соодветните конзули, но се раздаваа на населението од егзархискиот битолски митрополит Григориј. Трогнат од она што го слушнал за страдањата на населението Неговото Високо Преосвештенство изрази желба лично да ги обиколи постраданите области и раздавајќи ги добиените од благородните туѓинци помоши, сам да ја види со сопствените очи положбата на паството. Тој ги посети речиси сите опустошени села. Тој негов подвиг успеа да парира целосно на настојувањата на грчките владици, кои после катасрофалното востание се нафрлија како „волци на мрша“ да го натераат населението да се откаже од св. Егзархија. Неговата триумфална поворка по сите тие Бугарски села, посретнат и испратен со солзи од нежност, има грамаден успех сред населението, после претрпениот потрес од востанието. Ете вистински народен пастир, кој не се пожали себеси за собственото паство. Светиот образ нека служи за пример и имитација на сите Бугарски архипастири. Од сето беше најмногу трогнат од тешката положба на многубројните сираци на убиените за време на востанието Бугари, сите заслужни војводи, четници, учители и свештеници, загинати во неравната борба со своите векови потисници. За тие деца дедо Григориј имал огнена желба да направи нешто. И многу пати разговарал заради тоа со Бугарските трговски агенти во Битола – тогаш г-н Живко Добрев, кој беше од драмските Бугарски села. Самите дојдоа до решение да се уреди во Битола сиропиталиште во кое да се приберат сите сираци од востанието и тука да се одгледат, изучат и воспитат. Наскоро после завршувањето на обиколката неговото високо Преосвештенство се разболе тешко и не можеше повеќе да се подигне. Господинот Добрев не само што не ја заборави и не ја изостави таа благородна иницијатива, но положи грижи и усрдност да биде реализирана. Кон тоа го поттикнуваше и состојбата, дека до него од многу села и градови се упатија молби од блиски роднини или пријатели на убиените да направи нешто заради сираците за пожртвуваните родители заради народните идеали. При една пријателска средба кон крајот на 1905 г. г-н Добрев ми проговори за положбата на сираците, за разговорите со покојниот митрополит и за нивното решение да се основа сиропиталиште во Битола. „Г-ѓа Шумљанска“ ми кажа тој од кога ми објасни се’ подробно – „како жена на австриски поданик и како една од најинтелигентните и енергични битолски граѓанки, вие сте најсоодветната да се зафатите со основањето и организирањето на сиропиталиштето, и вервам, дека ако се зафатите, ќе постигнете резултати, повеќе од очекуваните.“ Ја имав целата желба да работам за олеснување на судбината на тие бедни сирачиња, но стравував, дека ќе се сретнат големи препреки од страна на турските власти, и дека самото Бугарско население плашејќи се за својата положба нема да притекне во помош на тие, кои ќе се натоварат со основањето и раководството на сиропиталиштето.“

КАКО СЕ ОСНОВА И УНИШТИ БИТОЛСКОТО СИРОПИТАЛИШТЕ, Спомени на З. Шумљанска



Слични Објави