| |

Прва седница на новиот пратенички состав на бугарскиот парламент

На 30 април со почеток од 10 часот ќе се одржи првата седница на 52-от пратенички состав на бугарското Народно собрание. Седницата е свикана со указ на претседателката Илијана Јотова по предвремените парламентарни избори во Бугарија, што се одржаа на 19 април, јавува БГНЕС.

Во бугарскиот парламент влегуваат пет политички формации. „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев освои 44,59% и 131 пратеник. ГЕРБ-СДС е втора политичка сила со 13,39% и 39 пратеници. По разделбата на коалицијата, Демократска Бугарија ќе има 21 пратеник, колку и ДПС (7,12%), додека Продолжуваме Промената ќе има 16 пратеници. „Преродба“ влегува со 12 пратеници и 4,26%.

„Прогресивна Бугарија“ најави дека ќе формира самостојна влада. За претседател на парламентот се спомнуваат Г’л’б Донев, Михаела Доцова и Јанка Тјанкова.

Првата седница симболично ќе ја го отвори најстариот пратеник Румен Миланов (77), а најмлада пратеничка е Анна Бодакова (23). Жените сочинуваат околу една четвртина од пратениците.



Слични Објави